ВИДЕО | Трагедија во Индонезија: камиони згмечија пикап со свадбени гости, 13 загинаа
Пикап кој превезувал свадбени гости вчера бил удрен од два камиони на индонезискиот остров Јава, при што загинале 13 луѓе, а петмина биле повредени, објави „Еј-би-си њуз“.
Препорачано
Несреќата се случила на прометен автопат во близина на селото Кијаран Кулон, во областа Индрамају, додека гостите се враќале од свадба во соседното село Пареан, изјави началникот на локалната сообраќајна полиција, Унданг Сариф Хидајат.
Тој рече дека жртвите патувале во пикап со отворен товарен простор, кој забавил и застанал на разделната лента за да направи полукружно свртување на автопатот, кога одзади во него удрил камион кој се движел во иста насока.
„Од ударот пикапот бил исфрлен во спротивната коловозна лента, каде што повторно бил удрен од друг камион. Силниот судир исфрлил повеќе од десетина луѓе од пикапот на автопатот“, изјави Хидајат.
Петмина преживеани биле пренесени во болница со повреди, соопшти полицијата. Властите ја истражуваат причината за несреќата.
Смртоносните сообраќајни несреќи се чести во Индонезија, каде што преоптоварените возила, недоволните мерки за безбедност на патиштата и непочитувањето на сообраќајните правила често придонесуваат за тешки несреќи.
ВИДЕО | Шеснаесет загинати во автобуска несреќа во Индонезија


