ВИДЕО | Во Долнени е снимен провалник кој ограбил три куќи во селото за една ноќ
Провалник, кој викендов влегол во три куќи во прилепското село Долнени и ги ограбил, е снимен на надзорна камера во една од куќите, а снимката е објавена на социјалните мрежи, со апел за информации околу крадецот, кој според информациите не бил сам.
Препорачано
Кражбите се случиле околу 2:30 часот по полноќ во ноќта меѓу саботата и неделата, кога крадецот, кој според биле провалени и ограбени три куќи во селото.
За инцидентот алармираше Игор Конески, еден од оштетените жители, кој преку социјалните мрежи сподели фотографии и видеоматеријал од безбедносните камери со надеж дека ќе помогнат да се најдат сторителите.
Жителите на Долнени и околните места реагираат дека ваквите кражби се повторуваат веќе две до три години, поради што локалното население живее во постојан страв за својата безбедност и за својот имот.
Оштетените апелираат до сите граѓани кои располагаат со какви било информации за настанот веднаш да ги пријават кај надлежните органи, со цел полицијата побрзо да ги пронајде и санкционира сторителите и конечно да се стави крај на долгогодишниот проблем со грабежите во Долнени.
Пијан гостиварец вчера двапати бил апсен — утрото на „Галичка свадба“ и вечерта во Гостивар


