• крадец

Приведен крадец во Охрид

Полициски службеници од СВР Охрид, вчера во 19:30 часот го привеле охриѓанецот М.Ј.(43), кој бил затекнат при вршење кражба во продажен објект во Охрид. Како што соопшти денеска МВР, одземеното е вратено на сопственикот, а против сторителот ќе биде поднесена соодветна пријава.