Крадец заглавен на ограда од црква / Фото: Радио Кочани

„Господ гледа“ — крадец се заглави на ограда од црква во Кочани, го симнувале пожарникари

Необична и по малку смешна случка во Кочани. Синоќа крадец се обидел да влезе во црквата „Св. Великомаченик Георгиј“, но се заглавил додека ја прескокнувал металната ограда, не успевајќи ништо да украде, објави Радио Кочани.

Кога натрапникот бил откриен, реагирале полицијата, но и територијалната противпожарна единица и службата за итна медицинска помош, кои со заеднички сили го извадиле несреќниот крадец од оваа незгодна ситуација.

Инцидентот, ќе забележат верниците, се случува само ден пред Ѓурѓовден, празникот посветен токму на Свети Ѓорѓија, чие име го носи црквата.

Кривични и за родителите на девојчињата што учествуваа во инцидентот во Ѓорче Петров

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот