Тројца приведени по претреси на Бит Пазар и Сарај, пронајдени дрога, пиштол и куршуми

На подрачјето на Бит Пазар вчера полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода С.Б. (21) и Е.А. (33), двајцата од Скопје.

При претреси во нивните домови, извршени од страна на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, со судска наредба биле пронајдени и одземени 58 кесички со бела прашкаста материја и дигитална вага.

Истиот ден, во селото Сарај, скопско, бил лишен од слобода и М.А. (40) од селото Радуша. При претрес во неговиот дом, исто така по судска наредба, биле пронајдени и одземени пиштол „глок“ калибар 9 милиметри, една рамка и 13 куршуми.

Од МВР информираат дека по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот