Фото: Википедија

Фатен е еден од крадците во џамии во Гостиварско, тврди полицијата

Вчеравечер е уапсен 36-годишен жител на гостиварското село Вруток, за кого полицијата верува дека е крадецот кој пред некоја недела украде пари од каса во џамија во соседното село Мирдита, соопшти МВР.

„На 06.04.2026 во 21:50 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода Ф.И.(36) од с.Вруток, гостиварско. Тој се сомничи дека извршил кривично дело „тешка кражба“ во џамија во с.Мирдита. Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава“, пишува во полицискиот билтен.

Со месеци ја оголуваат црквата „Св. Ѓорѓи“ во Чаир – крадците корнат бакар од покривот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот