Фото: Википедија

Со месеци ја оголуваат црквата „Св. Ѓорѓи“ во Чаир – крадците корнат бакар од покривот

Бакарен лим вреден над 2.500 евра е украден од покривот на црквата „Св. Великомаченик Георгиј“ во скопската општина Чаир во последниот месец и половина, информира полицијата.

„На 16 март 2026 година, во 17:25 часот во СВР Скопје, од Македонската православна црква – Охридска архиепископија е пријавено дека во периодот од февруари 2026 година до пријавувањето, од црквата ‘Св.Великомаченик Георгиј’ на подрачјето на Чаир во Скопје бил одземен бакарен лим од кровот на црквата, при што сторителите се стекнале со противправна имотна корист од над 150.000 денари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот,“ се вели во соопштението на полицијата.

Нова кражба на бронзена биста од гробиштата во Бутел

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот