• џамија

Приведен 50-годишен босански државјанин, се сомничи за кражба во џамија во Чегране

Гостиварската полиција вчера утрото го лишила од слобода 50-годишниот А.П. од Босна и Херцеговина, кој се сомничи дека извршил „тешка кражба“ во џамија во гостиварско Чегране, од каде одзел пари. Од МВР денеска информираат дека тој е задржан во Полициската станица Гостивар и по целосно документирање на случајот против него ќе следува поднесок.