EPA-EFE/YOAN VALAT

Дешан „ја префрла топката“: Не сме ние фаворитите, туку Шпанците

Пред првото полуфинале на Мундијалот 2026 францускиот селектор се обидува да додаде притисок врз противникот

Францускиот селектор Дидие Дешан посочи во најавата за полуфиналето против Шпанија (вторник, 21 часот) дека актуелните европски шампиони се фаворити.

– Добро ја познаваме Шпанија, тие се актуелни европски шампиони, игравме против нив минатото лето и во полуфиналето на Лигата на нации… Тие нè сметаа нас за фаворити пред Светското првенство, но Шпанија е фаворитот – вели Дешан, играјќи ја класичната улога на префрлање на притисокот врз противникот.

Тој уште пред стартот на Мундијалот ја „додава“ фаворитската улога на Шпанија, како да се подготвува за овој клучен дуел. Инаку, глобално, Франција се смета за благ фаворит во оваа двојка.

– Тоа им става поголем притисок поради сè што направија. Иако го загубија финалето против Португалија во Лигата на нациите, тие се многу добар тим со многу силни особини – вели францускиот селектор.

ФОТО | Напаѓачот на Норвешка добива смртни закани затоа што не му додаде на Халанд

Аргентина ќе игра во темно син дрес против Англија, потсетник на славната 1986 година

Тухел ја прозва ФИФА по случајот со Балогун: „Можеби Хари Кејн треба да му се јави на Трамп за црвениот картон на Кванса“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот