Меџити: Во интерес на бизнисот, дивиот премин на Бит-пазар треба да остане отворен и таму најверојатно ќе се постави семафор
Меџити рече дека има два начина за решавање на нелегалниот премин, а тоа е со поставување на семафор, кое, како што вели тој, е решението што најверојатно ќе се примени, додека пак втората опција е целосно отстранување на надземниот премин кој со години е вон употреба и е целосно вандализиран.
Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, на денешната прес-конференција наменета за промоција на новиот меѓународен музички фестивал „Чаршија“, говореше и за дивиот премин на Бит-пазар, за кој рече дека се разгледуваат неколку решенија.
Препорачано
Одговарајќи на новинарско прашање, Меџити рече дека има два начина за решавање на нелегалниот и необележан премин, а тоа е со поставување на семафор, кое, како што вели тој, е решението што најверојатно ќе се примени, додека втората опција е целосно отстранување на надземниот премин, кој со години е вон употреба и е целосно вандализиран. Со ова, вели тој, би се исполнила неговата желба и ветување уште од предизборието за локалните избори — наместо ревитализација и повторно пуштање во употреба, надземниот премин да биде демонтиран.
Разгледуваме две опции. Најверојатната опција е да се постави семафор, а друга опција е да се сруши мостот, доколку тој ќе биде пречка, бидејќи не е целосно функционален, па не го користат граѓаните- вели градоначалникот.
Меџити ќе го урива, Ѓорѓиевски ќе го чисти – што ќе се случи со натпатникот кај Бит-пазар?
Меџити додаде дека преминот претходно функционирал, но потоа бил затворен, со што директно влијаел на работењето на дуќаните на Бит-пазар и на чаирчани, па затоа, како што вели тој, потребата за преминот да остане отворен е „реална и во интерес на бизнисот“.
-Рушењето на мостот исто така може да биде опција да се поправи тој премин, бидејќи има потреба, преминот беше затворен некое време, но на барање на Бит Пазар, каде што има многу семејства кои ја обезбедуваат својата егзистенција, преминот беше рекреиран, во интерес на бизнисот- изјави Меџити.
Во однос на дивоградбите во општината, тој посочи дека според последниот извештај кој неодамна го објави Државниот завод за ревизија, Чаир е само шеста општина во Скопје според бројот на дивоградби и десетта на ниво на Македонија.
-Се работи на дивоградбите, се реши „Али Тобако“, а во процес се и другите. А кога сме кај дивоградбите добро е што има статистички податоци според кои Чаир е шеста општина на ниво на Скопје и десетта на ниво на државата по бројот на дивоградби. Земете информации прво за овие шест, а потоа за Чаир- изјави Меџити одговарајќи на новинарско прашање.
Дивоградби на секој чекор — лани никнале 911, најмногу се куќи


