Зохран Мамдани / Тејлор Свифт и Тревис Келси / Фото: EPA

Градоначалникот на Њујорк откри: „Тејлор Свифт плати повеќе од 160.000 долари за дозвола за свадбата“

Пејачката Тејлор Свифт платила повеќе од 160.000 американски долари за дозволата за одржување на нејзината свадба со американскиот фудбалер Тревис Келси во арената „Медисон сквер гарден“ во Њујорк, објави „Ролинг стоун“.

Градоначалникот на Њујорк, Зохран Мамдани, изјави дека сумата ги покрила трошоците за дозволата, како и ангажманот на градските служби и безбедносните мерки за настанот.

„Тејлор Свифт веќе ги плати трошоците за дозволата, кои изнесуваа повеќе од 160.000 долари, како и трошоците за одговорот на градските служби за тој настан“, рече Мамдани на прес-конференција.

Билбордот којшто беше поставен на денот на свадбата на Тејлор Свифт и Тревис Келси во Њујорк / Фото: EPA

Изјавата следува откако дел од јавноста и политичари ја критикуваа свадбата поради затворањето на неколку улици во центарот на Менхетен за време на американскиот национален празник. Републиканската конгресменка Никол Малиотакис претходно побара двојката да ги надомести трошоците за прекувремената работа на полицијата.

Според градоначалникот, сите обврски кон градот биле подмирени неколку дена пред свадбата.

Иако официјалната цена на свадбената прослава не е објавена, американските медиуми, повикувајќи се на експерти за организација на луксузни настани, проценуваат дека прославата чинела меѓу 20 и 25 милиони американски долари.

Неколку дена пред венчавката, Тејлор Свифт и Тревис Келси донираа и 26 милиони долари на 20 добротворни организации во САД.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот