Принцот Хари е во долгови, а Меган е бесна — му пристигнува наплата за милионски судски трошоци што тешко ќе може да ги плати
Принцот Хари се соочува со сериозни финансиски последици откако Високиот суд во Лондон ги отфрли неговите тврдења против „Асошиејтед њуспејперс“, издавачот на „Дејли мејл“ и „Мејл он сандеј“, во долгогодишниот спор за наводно незаконско прибирање информации.
Препорачано
Судијата Метју Никлин пресуди дека Хари и останатите тужители не успеале да ги докажат своите наводи, оценувајќи дека сомнежот сам по себе не претставува доказ. Покрај војводата од Сасекс, тужители во случајот беа и музичарот Елтон Џон, актерката Елизабет Харли, Дејвид Ферниш, Сејди Фрост, бароницата Дорин Лоренс и поранешниот британски политичар Сајмон Хјуз.
Според проценките, судските трошоци би можеле да достигнат околу 17,5 милиони евра, а конечната одлука за нивната висина треба да биде донесена до крајот на месецот. Иако Хари и останатите тужители имаат право на жалба, трошоците би требало да бидат подмирени во рок од 14 дена по нивното утврдување.

Извори блиски до случајот тврдат дека принцот Хари, поради високите трошоци за обезбедување и финансиските обврски поврзани со семејниот дом во Калифорнија, би можел тешко самостојно да го покрие евентуалниот долг. Истите извори наведуваат и дека Меган Маркл уште од самиот почеток не го поддржувала судскиот процес, стравувајќи од неговите финансиски последици.
И покрај судскиот пораз, посетата на Хари на Велика Британија заврши со позитивен личен момент. Според британските медиуми, кралот Чарлс Трети повторно се сретнал со своите внуци, принцот Арчи и принцезата Лилибет, за првпат по четири години. Средбата се одржала во Хајгроув, каде што пристигнале и Меган Маркл и децата по нивниот престој во Португалија.
За време на посетата, принцот Хари ги продолжи и своите активности поврзани со игрите „Инвиктус“, посетувајќи болница во Бирмингем во рамките на подготовките за изданието на игрите во 2027 година.


