Принцот Вилијам, принцезата Кејт со децата / Фото: Stephen Lock / Zuma Press / Profimedia

ФОТО | Модно усогласени — Кејт Мидлтон и принцот Вилијам се појавија со своите деца на финалето на Вимблдон

Кејт Мидлтон и принцот Вилијам се појавија со своите две најстари деца на Вимблдон во Лондон за финалето во машка конкуренција.

Семејството доби овации од публиката кога влегоа во престижната кралска ложа, за да ги заземат своите места покрај познати личности, меѓу кои и Ана Винтур, Никол Кидман, Џенифер Лопез, Ендру Гарфилд, Том Хидлстон, Рами Малек, Бен Стилер и други.

Кејт Мидлтон со децата / Фото: Stephen Lock / Zuma Press / Profimedia

Принцот Џорџ, 12, и принцезата Шарлот, 11, во последните години гледаа неколку машки финалиња во клубот за тенис и крокет „Ол Ингланд“ во Лондон. Оваа година, тие го следеа натпреварот помеѓу Италијанецот Јаник Синнер и Германецот Александар Зверев, во кој победи Синер со резултат 3:1.

Семејството беше елегантно и со стил облечено за таа пригода. Откако во саботата привлече внимание во огнено црвена модна комбинација за женското финале, Кејт Мидлтон сега се појави во зелен фустан од Емилија Викстед (бојата долго време е тесно поврзана со Вимблдон и неговите традиции).

Кејт Мидлтон/ Фото: Victoria Jones / Shutterstock Editorial / Profimedia

Шарлот беше облечена во кралско син летен фустан кој речиси совршено потсетуваше на оној што нејзината мајка го носеше на машкото финале минатата година. Принцот Вилијам и Џорџ беа во морнарско сини костуми и вратоврски.

Принцезата од Велс е горд покровител на клубот домаќин на Вимблдон и има чест да ги додели наградите на финалето, а ги носи своите деца кои играат тенис на натпреварувањето од 2022 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот