ФОТО | Гинисов рекорд соборен на концерт на Питбул — се собраа повеќе од 22.000 луѓе со „ќелави капи“
Американско-кубанскиот музичар Питбул постави Гинисов рекорд за најголемо собирање на луѓе со „ќелави капи“, објавија странските медиуми.
Препорачано
Питбул, кој ја носи својата ќелавост како заштитен знак, беше запишан во Гинисовата книга на рекорди во петокот бидејќи успеа да собере точно 22.141 обожаватели со лажна ќелава глава на својот концерт во Лондон.
Овој 45-годишен уметник, познат по хитовите „Give Me Everything“, „Timber“ и „Hotel Room Service“, ги покани своите обожаватели на фестивалот во центарот на Лондон каде што беше главна ѕвезда на вечерта.
View this post on Instagram
Веќе неколку години, обожавателите на Питбул доаѓаат на концерти имитирајќи го неговиот лик – авијатичарски очила, мала брада и мустаќи, црно одело и „ќелави капи“ – латекс перики кои се ставаат на главата за да се добие изглед на ќелавост.
– Тоа е сосема нов рекорд што никој претходно не се обидел да го постави – рекол Вил Манфорд, судија на Гинисовата книга на рекорди кој беше на местото на настанот.
Организацијата одлучи дека прагот за признавање на рекордот треба да биде над 2.000 лажни ќелави глави, што беше многу пати надминато со 22.141 луѓе на концертот, на кој се собраа вкупно 70.000 фанови на Питбул.


