Харпер Бекам со родителите на премиерата на документарецот „Викторија Бекам“ / Фото: Profimedia

ФОТО | „Имаш само 14 години и се фарбаш?!“: Ќерката на Викторија и Дејвид Бекам ја „нападнаа“ поради новата фризура и вештачките нокти 

Ќерката на една од најпознатите модни икони во светот и на славниот фудбалер привлече големо внимание на јавноста кога првпат се појави со сосема поинаква боја на коса. Харпер Бекам (14), најмладото дете на Викторија и Дејвид Бекам, ја покажала новата руса боја на косата додека била со својата мајка на отворањето на нејзината прва американска продавница во Мајами.

Харпер Бекам изгледалa како возрасна девојка додека позирала за семејната фотографија со родителите, браќата Ромео (23) и Круз (21) и со нивните партнерки Ким Теранбул (24) и Џеки Апостел (30). Харпер ја покажала својата свежо обоена руса коса, а на фотографиите позирала потпрена на рамото на нејзиниот татко, поранешниот англиски фудбалер Дејвид Бекам. На многумина им паднало в очи и тоа што младата Харпер имала впечатливи вештачки нокти во бела нијанса.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Victoria Beckham (@victoriabeckham)

Отворањето на првата продавница на брендот „Викторија Бекам“ во САД се одржало во луксузниот трговски центар „Бал Харбор шопс“ во Мајами. Тоа е воедно првата локација надвор од Лондон што ги обединува модниот и козметичкиот дел од нејзиниот бренд. По повод големиот настан, Викторија и нејзиното семејство се појавиле во креации од нејзината колекција, а дизајнерката со фотографиите напишала дека е многу возбудена што го прославува отворањето на новата продавница во Мајами заедно со своето семејство и пријателите.

Сепак, новиот изглед на Харпер Бекам предизвика бројни реакции на социјалните мрежи. Додека некои ја пофалија нејзината промена и истакнаа дека таа пораснала во вистинска млада дама, голем број коментари беа негативни. Многумина ја критикувале одлуката девојчето што има само 14 години да си ја бојадисува косата и да го промени природниот изглед. Внимание привлекле и нејзините вештачки нокти.

„Имаш само 14 години и си ја бојадисуваш косата?! Зошто родителите ти го дозволиле тоа?“, „Кога вака изгледаш на 14 години, како ќе изгледаш на 20 и повеќе?“, „Боже мој, колку ти се големи ноктите! Зарем навистина не знаеш како да уживаш во детството?“, се само дел од коментарите на социјалните мрежи.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот