Принцот Хари нема пари да ги плати судските трошоци по изгубениот спор — ќе позајми од близок пријател на Дијана
Принцот Хари неодамна го изгуби спорот против издавачот на „Дејли мејл“ за наводно нелегално собирање лични информации и може да му биде наредено да плати до 15 милиони фунти судски трошоци. Но, извори близок до принцот вели дека тој нема доволно пари за да плати, пишува „Пејџ сикс“.
Препорачано
Хари и другите тужители ќе имаат само 14 дена да ги платат трошоците откако судијата ќе донесе конечна одлука за износот подоцна овој месец, дури и ако се жалат.
Извор запознаен со случајот рече дека луѓето што го финансирале случајот веројатно ќе му помогнат на Хари. Меѓу нив се фондацијата на покојниот магнат од Формула 1, Макс Мозли, и организацијата „Хакед оф“, која се залага за реформа на британските медиуми.
Истиот извор верува дека Елтон Џон, долгогодишен пријател на принцезата Дијана и близок пријател на Хари, исто така би можел да понуди помош.
– Елтон би можел многу добро да му помогне на Хари. Двајцата се исклучително блиски – изјавил изворот за „Пејџ сикс“.
Пејачот, кој настапи на свадбата на Хари и Меган во 2018 година, вреди околу 640 милиони долари, според листата на „Сандеј тајмс рич лист“.
– Хари дефинитивно нема пари за тоа – рекол извор, додавајќи дека Меган „веројатно ќе биде многу лута поради трошоците“ бидејќи наводно не го поддржала продолжувањето на судските постапки од самиот почеток.
Портпаролот на војводата и војвотката од Сасекс одби да коментира за тврдењата. Хари во интервју за „Си-би-ес“ во 2021 година рече дека откако се преселил во САД, живеел од наследството што му го оставила неговата мајка.
– Јас го имам она што ми го остави мајка ми и не можевме да го направиме ова без него – рекол тој во тоа време.
Поранешниот судија за трошоци Колин Кембел објасни за „Пејџ сикс“ дека „Асошиејтед њузпејпер“ може да одлучи од кого да ги наплати трошоците.
– Тие можат да изберат кој има најмногу пари или од кого е најлесно да ги наплати. Може да биде Елтон Џон, принцот Хари или Елизабет Харли. Тие не мора да бараат пари од секој тужител поединечно – рекол Кембел, истакнувајќи дека лицето кое ги плаќа трошоците подоцна може да бара надомест од другите тужители.


