Unsplash
Unsplash

Лекар даде одговор на прашањето што нè мачи — зошто отекуваме по јадењето салата?

Сад полн со лиснат зеленчук сè повеќе е дел од менито на луѓе што се трудат да се хранат здраво. Но, ако се чувствувате малаксано, летаргично и како „балон“ откако ќе изедете салата, треба да знаете дека тоа се случува поради цревата кои се обидуваат да сварат големи количини на сиров зеленчук.

– Салатите се извор на влакна –  истакнува „Well and Good“

– Иако се одлични за вас, тие можат да „заглават“ во дигестивниот тракт во прекумерни количини. За да го решите овој проблем, пред да уживате во зеленчукот, можете да го ставите малку да се зготви на пареа. Покрај тоа, спанаќот е добар избор затоа што е полесен за цревата – објасува гастроентерологот д-р Робин Чуткан.

 

Рецептот за непријатност во цревата е додавањето на карфиол, брокула и мешунки во вашата салата.

– Мешунките како гравот и леблебијата мора да ги приготвите на пареа, а потоа да ги оставите да стојат во водата. Така приготвени ќе имаат подобар вкус, ќе бидат хранливи и помалку ќе го стимулираат производството на гасови, за разлика кога би ги јаделе директно од конзерва – додала д-р Чуткан.

Совет на д-р Винсент Педро, експерт за дигестивно здравје, е да додадете ензими во салатата што ќе го стимулираат варењето на храната.

– Недостатокот на дигестивни ензими, кои ги разградуваат макромолекулите на храна во помали блокови, го отежнува варењето и целосната апсорпција на хранливите материи. Во суштина, ако често се појавуваат надуеност и гасови, виновник може да биде недоволниот број на ензими – објаснил тој

Доктор Педро додал дека возраста има улога во нивното производство.

– Луѓето над 50 години можат да произведат помалку од овие витални соединенија, што значи дека додавањето во исхраната е клучно – рекол д-р Педре.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот