Десетици илјади скопјани вечерва се без вода, пукнала голема цевка кај ОХИС
Неколку големи скопски населби, како и села во околината на главниот град вечерва немаат вода во домовите поради голем дефект, соопшти јавното претпријатие „Водовод и канализација“. Дефектот, според соопштението, се случил на голема водоводна цевка во населбата Кисела Вода, кај поранешната фабрика ОХИС.
Препорачано
„Поради уличен дефект со голем профил Ф-600 мм на улица „Борис Трајковски“ бб (лоциран точно пред главниот влез на поранешната фабрика ОХИС), водоснабдувањето е прекинато од 18:30 часот. Без вода во моментов се корисниците од следните населени места: Пинтија и Усје, Долно Лисиче и Драчево, Батинци, Студеничани, Моране и Зелениково. Екипите на јавното претпријатие се веќе на терен и работат на отстранување на дефектот, а нормализирање на состојбата се очекува по неговото целосно санирање во текот на ноќта“, велат од јавното претпријатие.
Утрово, пак, имаше уште еден дефект во близина на вечерашниот, кај бензинската пумпа на „Лукоил“ на булеварот „Борис Трајковски“, поради што поголем број објекти во близина имаа намален притисок на водата.
По откорнатите плочи и безимените скултури, почна да скапува и оградата на мостовите на кејот
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
38мин
-
42мин
-
1час
-
2час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


