Еди Рама, Канје Вест / Фото: Принтскрин / Инстаграм

ВИДЕО | Канје Вест се сретна со Еди Рама, па одржа концерт пред 60.000 луѓе во Тирана

Тирана беше епицентарот на музичките настани во саботата откако светски познатиот, но контроверзен рапер Канје Вест одржа концерт кој со недели привлекуваше големо внимание.

Пред концертот, Вест, на кој во изминатата година му беа откажани десетици настапи низ светот, откако јавно го поддржуваше и величаше нацизмот, лично се сретна со премиерот на Албанија, Еди Рама.

Рама објави снимка од пречекот на Вест, кому му ги покажа просториите на владината зграда и сликите закачени на ѕидовите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Edi Rama (@ediramaal)

Канје Вест почна да продава маици со кукасти крстови

Контроверзниот рапер го одржа концертот во арената „Игл стадион“, привремен, монтажен објект изграден специјално за овој концерт, а настапот го следеа околу 60 илјади луѓе, што го прави овој концерт еден од најголемите музички настани во историјата на Албанија. Владата предводена од Еди Рама плати околу 4 милиони евра за гостувањето на Канје Вест.

@mtks.gov.al #kanyewest #ye #tirana #albania ♬ original sound – mtks.gov.al

Нов протест одржан во Тирана, демонстрантите гневни зашто владата на Еди Рама дала 4 милиони евра за концертот на Канје Вест

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот