Џани Инфантино и Доналд Трамп/ EPA/WILL OLIVER

Познато за кого навива Трамп во завршницата на Мундијалот: „Тоа би било прекрасна приказна“

САД го заврши својот настап на Мундијалот, па американскиот претседател Доналд Трамп си избрал нова репрезентација за која навива за турнирот и тоа е Англија која сега чека полуфиналето против Аргентина.

Ова го откри Ендру Џулијани, кој во име на Белата куќа е задолжен за прашањата поврзани со Светското првенство. Според него, Трамп смета дека освојувањето на титулата од страна на Англија, по шест децении чекање, би било одлична приказна.

„Ако веќе САД не можат да ја освојат титулата на 250-годишнината од нашата држава, тогаш би било прекрасно Англија да стане светски шампион токму во Америка, за време на нашите прослави. Англичаните чекаат на оваа титула веќе 60 години и тоа би бил голем успех за нив“ изјави Џулијани.

Тој додаде и дека верува во квалитетите на Англија.

„Апсолутно мислам дека Англија може да ја освои титулата, бидејќи е една од најсилните преостанати селекции на Светското првенство. Хари Кејн е најдобриот стрелец во историјата на Англија и доколку тимот стане светски шампион, тој ќе биде една од клучните причини за тој успех“, порача Џулијани, говорејќи во име на Трамп и Белата куќа.

Ќе потсетиме, Англија в среда го игра своето полуфинале против Аргентина, додека утре на програмата е првата полуфинална пресметка помеѓу Шпанија и Франција, двата дуели се во терминот од 21:00 часот.

Аргентина без конкуренција, добила најмногу пенали на последните два мундијали

Приказна за лојалност и скромност: Знаете ли зошто Олисе на Инстаграм нема професионални фотографии од Мундијалот?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот