Фото: МЗТ Скопје

Саша Димитријевиќ е нов координатор на младинската школа на МЗТ Скопје

МЗТ Скопје го назначи Саша Димитријевиќ за нов координатор на младинската школа на клубот. Поранешниот член на стручниот штаб на аеродромци и долгогодишен селектор на македонските младински репрезентации ќе биде задолжен за реорганизација и унапредување на работата со младите кошаркари.

Димитријевиќ зад себе има богато тренерско искуство и важи за еден од најдобрите стручњаци во развојот на млади таленти. Во текот на кариерата работеше со бројни кошаркари кои подоцна станаа репрезентативци и изградија успешни кариери.

Заедно со управата на клубот и тренерите од младинската школа, негова цел ќе биде да го подигне нивото на работа и повторно да го направи младинскиот погон на МЗТ Скопје препознатлив по создавањето на врвни кошаркари.

Македонски кошаркарски дијамант потпиша за шпански великан

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот