Илустрација Фото: Принтскрин / Јутуб/City Televizija BiH

Шок во Мостар: непознат сторител фрлил свинска глава, нацртал свастики на муслимански гробишта

Одбележувањето на 34-годишнината од формирањето на Првата мостарска бригада, кое денес требало да се одржи во гробиштата Лиска харем во Мостар, било прекинато откако во комплексот била пронајдена отсечена свинска глава, а на спомен-обележјето биле нацртани кукасти крстови, објави „Н1“.

Комплексот Лиска е место со големо историско и симболично значење. Првично бил муслимански гробишта, но во 1950-тите бил претворен во градски парк. За време на војната во 1992 година повторно бил користен како гробишта, каде што биле погребувани цивилни жртви од различни етнички заедници.

„Организаторите изразија згрозеност и го осудија овој чин, како очигледна намера да се навредат не само организаторите на денешното одбележување, туку и сите жртви од исламска вероисповед, кои за време на агресијата врз БиХ во 1992 година биле погребани на ова место“, навел мостарскиот новинар и аналитичар, Фарук Кајтаз.

Санел Кајан, пратеник во Парламентот на Федерацијата БиХ, го повикал Министерството за внатрешни работи на Херцеговско-неретванскиот кантон итно да реагира.

„Ужасот што го доживуваат семејствата на луѓето погребани во Лиска харем достигна граници на неподносливост. А никој да нè заштити. Го повикувам Министерството за внатрешни работи на Херцеговско-неретванскиот кантон итно да реагира, да спроведе темелна истрага и да го пронајде сторителот или сторителите на ова грозоморно дело“, порача тој.

Тој додаде дека бара „нешто што во секое цивилизирано општество би требало да се подразбира – заштита на мртвите и мир за нивните семејства“.

Лиска харем се наоѓа во близина на Рондо, во западниот дел на Мостар, каде што мнозинството жители се Хрвати.

За случајот била известена мостарската полиција, која ќе преземе понатамошни активности за расчистување на настанот.

Босански Србин ќе оди во затвор, позирал со четничка тетоважа покрај масовна гробница

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот