Шок во Мостар: непознат сторител фрлил свинска глава, нацртал свастики на муслимански гробишта
Одбележувањето на 34-годишнината од формирањето на Првата мостарска бригада, кое денес требало да се одржи во гробиштата Лиска харем во Мостар, било прекинато откако во комплексот била пронајдена отсечена свинска глава, а на спомен-обележјето биле нацртани кукасти крстови, објави „Н1“. Комплексот Лиска е место со големо историско и симболично значење. Првично бил муслимански гробишта, но …

