Сообраќајниот полигон под Кале / фото: Слободен печат / Драган Митрески

Возач од Скопје излетал од патот кај полигонот под Калето, тешко е повреден

Возач од Скопје, кој е на возраст од 40 години, е тешко повреден откако излетал од патот кај полигонот под Скопското Кале, информира полицијата.

„На 11.07.2026 околу 10:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Лазар Личеноски“ во Скопје во близина на полигон патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки управувано од Д.З.(40) од Скопје излетало надвор од коловозот. Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен е увид од екипа од СВР Скопје“, пишува во полицискиот билтен.

40-годишен скопјанец е пронајден починат, обвинител наложи обдукција

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот