Фото: илустрација / Слободен печат / Методи Здравев

Автомобил се запалил во движење на скопска улица, возачот има изгореници

Вчераутро во скопската населба Чаир, автомобил се запалил додека се движел по улица, а 55-годишниот возач се здобил со изгореници, соопшти МВР.

„На 11.07.2026 околу 07:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Чаир, С.Д.(55) од Скопје, додека го управувал неговото возило, настанал пожар во движење. Тој успеал да излезе, а од пожарот се здобил со изгореници на телото. Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита-Скопје, а тој бил пренесен во Јавната здравствена установа „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. На местото на настанот излегле полициски службеници од СВР Скопје“, велат од полицијата.

40-годишен скопјанец е пронајден починат, обвинител наложи обдукција

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот