Фото: Икс / NextaTV / скриншот

ВИДЕО | Кран-операторка од Русија се најде во кабината во бесно невреме: Ова ми е последна вечер

Млада кран-операторка од рускиот град Екатеринбург се нашла заробена во кабината на кранот во 10 часот навечер, на височина од околу 70 метри, додека над градот беснеело силно невреме со пороен дожд, ветер и молњи, јавија руските медиуми.

Според руските медиуми, таа не можела безбедно да се симне по металната конструкција поради силниот ветер и опасноста од удар на гром. Девојката, по име Валерија Шветсова, ги снимила драматичните моменти со телефонот, додека кранот се нишал, а небото го осветлувале молњи.

„Не можам веќе да работам на работ. Ова ми е последна вечер“, вели исплашената работничка во видеото.

Подоцна таа успеала да ја напушти кабината, а во инцидентот не била повредена.

ВИДЕО | Војник со кола влета во толпа на саем во Чиле, уби шест луѓе

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот