Американец ќе ја дели правдата на натпреварот Аргентина-Англија
Полуфиналната пресметка меѓу Аргентина и Англија на Светското првенство ќе биде под палката на американскиот судија Исмаил Елфат. ФИФА го назначи 42-годишниот арбитер за главен судија на дуелот кој ќе се одигра во среда во Атланта од 21 часот.
Препорачано
На Елфат ќе му помагаат сонародниците Кори Паркер и Кајл Аткинс, додека четврти судија ќе биде Италијанецот Маурицио Маријани.
Изборот на судијата не е случаен, бидејќи ФИФА пред полуфиналните натпревари се придржува до принципот на конфедерациска неутралност. Со оглед на тоа што во завршницата останаа три европски и една јужноамериканска репрезентација, најдобрите судии од Европа и Јужна Америка не беа прв избор за дуелите кои ќе ги дадат финалистите.
Токму поради ова правило, ФИФА се одлучи полуфиналните натпревари да им ги довери на судии од други региони. Првото полуфинале меѓу Шпанија и Франција ќе го суди Салвадорецот Иван Бартон, додека Елфат ќе биде главен арбитар на големиот дуел меѓу Аргентина и Англија.
Елфат зад себе има богато меѓународно искуство, а сега ќе добие задача да го контролира еден од најочекуваните натпревари на Мундијалот – пресметка меѓу две фудбалски велесили со огромно ривалство и историски набој.
Аргентина ќе игра во темно син дрес против Англија, потсетник на славната 1986 година


