Мултимедијалната изложба „Трага во времето“ е визуелна архива на десет години современ македонски џез
Во автентичниот амбиент на Музејот на град Скопје, на 14 јули 2026 година (вторник), со почеток во 20:30 часот, ќе се одржат документарна изложба и концертен настап по повод 10 години Национален џез-оркестар, настан насловен „Трага во времето – 10 години Национален џез-оркестар“.
Препорачано
Мултимедијалната изложба „Трага во времето“, која се реализира во рамките на годинашното издание на фестивалот „Скопско лето“, е визуелна архива на десет години современ македонски џез, со фотографии, материјали и приказни што сведочат за сцената и музичарите што ја обликуваа оваа деценија.
Проектот ја отвора приказната за една сцена што расте, експериментира и создава сопствен звук, преку концерти, авторски проекти, соработки и луѓе кои го градеа нејзиниот континуитет.
Оваа изложба е емотивно и документарно сведоштво за една извонредна музичка визија. Преку автентични фотографии, материјали и приказни, поставката претставува дел од десетгодишниот пат на денешниот Национален џез-оркестар – пат исполнет со творечка посветеност, заеднички стремежи и незаборавни моменти.
Влезот на настанот е слободен.


