Плакат за изложбата „Траги во графиката“ на „Скопско лето“

Самостојната изложба „Траги во графиката“ на Виктор Семенпеев ќе биде отворена на „Скопско лето“

На фестивалот „Скопско лето“ на програмата за 13 јули (понеделник) е отворањето на изложба на графики со наслов „Траги во графиката“ на Виктор Семенпеев. Изложбата е поставена во Националната галерија на Македонија, објект „Мала станица“, а отворањето е во 20:30 часот.

Самостојната изложба на графики на Виктор Семенпеев претставува избор на дела во кои линијата, текстурата и отпечатокот се носечки елементи на визуелниот израз.

Преку техники на длабок печат, сува игла, акватинта и сериграфија, авторот создава комплексни композиции што се движат меѓу апстрактното и асоцијативното. Неговите графики се исполнети со слоеви, ритам и суптилни визуелни траги кои го повикуваат гледачот на лично читање и интерпретација.

Изложбата отвора простор за размислување за меморијата, времето и процесот на создавање, откривајќи ја графиката како медиум на истражување и современ ликовен дијалог.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот