Дарко Спасов, драматург на Театар „Комедија“

Меѓународно признание за македонскиот драматург Дарко Спасов во Словенија

Драматургот на Театар „Комедија“, Дарко Спасов, е годинашен добитник на престижната Меѓународна награда „Претнар“ – почесна титула „Амбасадор на словенечката книжевност и јазик“.

Ова високо меѓународно признание се доделува во рамките на фестивалот „Лириконфест“ во Словенија на личности кои со својата долгогодишна и посветена работа дале значаен придонес во меѓународното вмрежување и промоција на поезијата, словенечката литература и словенечкиот јазик низ светот.

Наградата „Претнар“ се доделува од 2004 година и претставува едно од најзначајните признанија во областа на културната соработка и книжевната дипломатија меѓу словенските и европските културни простори.

Доделувањето на ова признание на Дарко Спасов претставува потврда за неговата долгогодишна посветеност во развојот на културните врски, афирмацијата на книжевноста и уметноста и продлабочувањето на меѓународната соработка во областа на културата, известија од Театар „Комедија“.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 339, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 11-12.7.2026)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот