Автор на фотографијата е Александра Костадиновска, а дизајнот на плакатот е на Игор Делов

Дина Јашари со концерти во седум градови ќе одржи турнеја низ Македонија

По четири години активни настапи, регионални гостувања и континуирано градење на својот авторски израз, Дина Јашари ова лето и есен ја реализира својата прва поголема турнеја низ Македонија, со концерти во седум градови низ земјата.

Турнејата почна на 2 јули во Скопје, со настапот на Дина Јашари како предгрупа на „Дјуран Дјуран“ во арената „Борис Трајковски“, а продолжува со серија концерти низ Македонија во текот на јули, август и септември.

Во рамки на турнејата, Дина Јашари ќе настапи на: 11 јули – Кочани, Парк на Револуцијата, по повод празникот Петровден; 23 јули – Виница, „Кул96“, по повод 20 години од постоењето на просторот: 25 јули – Кичево, Китино Кале, во рамки на манифестацијата „Град на културата“; 5 август – Струга, фестивал „Дрим Шорт“, Парк на поезијата; 20 август – Битола, платото на Офицерски дом, во рамки на програмата на Битфест“; 4 септември – Вртешка, Планинарски дом „Вртешка“, во рамки на фестивалот „Интердисциплинарни активности – Вртешка“; 17 септември – Штип, Дом на млади.

Концертите во Битола и Штип се реализираат со поддршка од Министерството за култура и туризам.

Во изминатите години, Дина Јашари и нејзиниот бенд континуирано настапуваат низ Македонија и регионот, градејќи препознатлив концертен израз и присуство на сцените низ просторот на поранешна Југославија. Со оваа турнеја, за првпат во поконцентриран формат, таа го носи својот актуелен концертен репертоар низ повеќе македонски градови.

Дина Јашари е една од највпечатливите авторски појави на современата македонска музичка сцена. Нејзиниот албум „Растенија без корен“ беше одлично примен и во Македонија и во регионот, а со својата музичка зрелост, сензибилитет и силен авторски печат дополнително ја зацврсти нејзината позиција како значаен глас на новата домашна сцена.

Со оваа турнеја, Дина Јашари отвора ново концертно поглавје со фокус на македонската публика и градовите низ земјата, по неколку години интензивни настапи и градење на своето име на домашната и регионалната музичка сцена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот