Настанот ќе се одржи на 9 јули (четврток), во 20 часот

Промоцијата на новиот фанзин за алтернативна култура „Наши“ ќе се одржи во „Лабораториум“

Младиот графички дизајнер и визуелен автор Кеј Зеќировиќ го објавува „Наши“ – нов „направи сам“ (DIY) фанзин, посветен на алтернативната уметничка и музичка сцена во Македонија. Изданието е создадено под менторство на Бојан Шашевски, како дел од резиденцијалната програма „Градски ѕид за Нови Лица“ во „Лабораториум“.

Фанзинот „Наши“ претставува авторско визуелно истражување на независната македонска музичка сцена, спојувајќи графички дизајн, фотографија, интервјуа и визуелно раскажување во публикација што ја слави DIY-културата и локалното независно творештво.

Кеј Зеќировиќ е дел од новата генерација автори кои својот креативен израз го развиваат низ повеќе визуелни медиуми. Покрај графичкиот дизајн, работи со фотографија, колаж, илустрација, дигитален и традиционален цртеж, а својата практика во сито печатењето ја развива преку работата во „Партизанска Штампа“. Во последните години гради препознатлив визуелен јазик, обележан со експресивна, алтернативна и намерно „хаотична“ естетика, инспирирана, пред сè, од музиката и независната културна сцена.

Промоцијата на фанзинот ќе се одржи на 9 август (четврток), во „Лабораториум“, со почеток во 20 часот.

По претставувањето на фанзинот, бендот „Малард“ ќе предводи импровизирана џем-сесија, на која и публиката ќе може активно да се вклучи и да стане дел од автентично музичко искуство што ги отсликува вредностите на независната сцена: заедништво, спонтаност и колективно творештво.

Фанзинот „Наши“, како дел од иницијативата „Нови лица“, е активност поддржана во рамки на проектот „Култура за развој“ на Владата на Швајцарија, кој се имплементира од „Хартефакт Фонд“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот