Настанот се одржа во дворот на црквата „Св. Наум Охридски“ во селото Болно – ресенско / Фотографија: Благојче Митревски

Манифестацијата „Преспански треперења“ свечено беше промовирана во Ресен

Нововостановената манифестација „Преспански треперења“ свечено беше промовирана на 5 јули во дворот на црквата „Св. Наум Охридски“ во селото Болно – ресенско и беше посетена од афирмирани поети и поетеси од различни градови од земјава.

Програмата ја збогатија ресенските изведувачи Мартин Стерјовски и Григориј Прцуловски, а водителка беше Наташа Зузаровска. Уметнички придонес даде и уметникот Таше Соколевски. Настанот заврши со манастирски ручек за кој се погрижи младата домаќинка Елена Мицалевска, зад која стои успешен тим. За озвучувањето се погрижи Нико Милошевски.

„Преспански треперења Ресен“ – Ресен е основано како здружение за литература и култура. Претседател на здружението е Маријана Митревска, позната и активна писателка од Ресен.

– Мисијата на здружението е со посебен акцент на поезијата. Но, исто така, ќе обезбедува услови за богат, квалитетен и разновиден културен живот. Здружението ќе го чува духовното наследство и неговиот културен идентитет. Ќе афирмира етничка разновидност и разноличност во културата. Ќе поттикнува творештво на млади од сите сфери на културата. Ќе промовира проекти и програми кои се во тек со светскиот и европскиот културен тренд. Планирано е да обезбедува континуирани културно-уметнички манифестации кои се од локален и меѓународен карактер. Ќе има активности во функција на туризмот и промовирање на градот Ресен и РС Македонија, а ќе поттикнува и меѓународни соработки.

Во ликовната дејност здружението ќе промовира групни и поединечни ликовни изложби. Може да организира музички настани, концерти на групи и солисти со оригинална современа музика и фестивали. Може да промовира и филмови, да организира литературни промоции, новогодишни, спортски, хуманитарни настани, квизови, цртање во природа или други локации во Општина Ресен и пошироко. Може да учествува и да организира разни манифестации во областа литературата за сите возрасти. Може да има дејност и во областа на екологијата – истакнува Митревска.

Плановите на здружението во иднина се да продолжи со поетски читања, печатење збирки и промоција на убавините на Преспа и на Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот