Самостојна изложба со наслов „Фрагменти од НАС“ посветена на жената ќе биде отворена во КСП „Центар-Јадро“ во Скопје
Третата самостојна изложба на лумен-принтови на фотографката Кети Талевска Бакревска со наслов „Фрагменти од НАС“, на 9 јули (четврток), во 20 часот, ќе биде отворена во КСП „Центар-Јадро“ во Скопје.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Изложбата „Фрагменти од НАС“ претставува интимно визуелно истражување на жената како слоевито суштество – тело, мисла и дух – изразено преку специфичниот јазик на лумен-принтот, фотографски процес во кој сончевата светлина делува како коавтор.
Во оваа серија, уметницата му дозволува на моментот да се случи природно, да се впие и да остави трага. Просторот на изложбата е концептуално поделен на три столба на постоењето, претставени преку три женски силуети, создадени исклучиво со лумен техника.
Кети Талевска Бакревска (Битола) е фотографка која работи со алтернативни фотографски процеси како лумен-принтови, цијанотипија, класична аналогна фотографија и камера опскура. Нејзините дела се инспирирани од природата, светлината и трагите што тие ги оставаат на хартија.
Зад себе има реализирано две самостојни изложби и учество во повеќе регионални и европски проекти. Често е дел од жири-комисии на фотографски изложби, а преку работилници активно го споделува своето знаење и искуство во областа на алтернативната фотографија.


