ВИДЕО | Мелони превртуваше со очите на средбата со Трамп – ракувањето беше долго, трпението кратко

Средбата меѓу Доналд Трамп и Џорџа Мелони на самитот на НАТО во Анкара брзо се претвори во тема на социјалните мрежи, откако камерите го забележаа нејзиниот израз за време на поздравувањето со американскиот претседател.

Трамп и италијанската премиерка се сретнаа првпат по нивната јавна вербална пресметка, која почна по неодамнешниот самит на Г7 во Франција. Тогаш Трамп ја обвини Мелони дека „молела за фотографија“ со него.

Трамп тврди дека Мелони го молела да се сликаат—таа му порача дека Италија никогаш не моли никого

Мелони не остана без одговор. Таа порача дека нејзината политичка позиција не зависи од односот со американскиот претседател, туку од тоа колку успешно ги брани националните интереси на Италија.

Тензијата дополнително се засили пред заминувањето на Трамп за Анкара, кога тој на својата социјална мрежа „Truth Social“ објави иронична порака дека на Мелони „треба да ѝ се забрани влез“.

И покрај сето тоа, средбата во Турција почна во дипломатски тон. Пред камерите имаше долго ракување, кратка размена на зборови и насмевки за фотографите.

Но, вниманието не го привлече само поздравот. На социјалните мрежи најмногу се коментираше моментот кога Мелони ги преврте очите додека се поздравуваше со Трамп. Дел од корисниците тоа го протолкуваа како знак на незадоволство, додека други оценија дека станува збор за обична моментална реакција, без подлабока политичка порака.

Средбата се одржа во период кога НАТО се обидува да ја зачува единственоста меѓу сојузниците, особено околу прашањата за одбранбените трошоци, европската безбедност и поддршката за Украина.

„Потребна е забрана за приближување“ — Трамп повторно го разгоре конфликтот со Мелони

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот