Настанот го организираат Амбасадата на Шпанија и галеријата „Акантус“

Разговор со шпанскиот уметник Хавиер Карро Тембури ќе се одржи во „Јуроп хаус Скопје“

Амбасадата на Шпанија во Скопје и галеријата „Акантус“ го организираат настанот „Кафе трансверзал 8“ (Café Transversal VIII), разговор со шпанскиот уметник Хавиер Каро Тембури, кој ќе се одржи на 9 јули 2026 година (четврток), со почеток во 18 часот, во „Јуроп хаус Скопје“.

На настанот, покрај Хавиер Каро Тембури, ќе учествуваат и уметницата Дијана Томиќ Радевска, кураторката Бојана Јанева, додека модератор на разговорот ќе биде Бојан Д. Георгиевски. Дискусијата ќе биде посветена на современите уметнички практики, креативните процеси и значењето на културната размена.

Хавиер Карро Тембури (Мадрид, 1997 год.) е шпански скулптор, образован на Факултетот за убави уметности во Париз (Beax-arts de Paris) и Универзитетот за убави уметности во Хамбург (Hochschule für bildende Künste). Тој живее помеѓу Париз и Мадрид додека работи и изложува меѓународно, редовно претставувајќи се во Париз, Виена и Мексико Сити, а сега и во Скопје.

На 7 јули, во дворот на Железничката зграда во Скопје, тој го одржа перформансот „Кафе трансверзал 8“, кој беше прв од трите настани кои се планирани за време на резиденцијата на уметникот во Скопје, а воедно е дел од низа на изложби под насловот „Café Transversal“ низ коишто уметникот ги разгледува разликите и сличностите на традициите на пиење кафе низ различните континенти, држави и региони.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот