Филмски проект на младата режисерка Ангела Димеска доби Награда за развој на фестивалот во Карлови Вари
Проектот „Цутот на зората“ (They Bloom at Dawn), дебитантски долгометражен филм на сценаристката и режисерка Ангела Димеска, ја освои наградата што заеднички ја доделуваат „Мидпоинт“ (Midpoint), Меѓународниот филмски фестивал во Карлови Вари и „Барандов студиос“.
Препорачано
Филмот, кој се развива во соработка со продуцентот Огнен Антов (Dream Factory Macedonia), е дел од програмата „Midpoint Feature Launch“, една од водечките европски платформи за развој на долгометражни филмови.
Филмскиот проект „Цутот на зората“ е драма за три генерации жени, пејзаж што полека исчезнува и љубовта што не секогаш знаеме како да ја покажеме. Ангела Димеска е македонска сценаристка и режисерка.
Нејзините краткометражни филмови „Перики“ и „Кутии“ беа прикажани на бројни меѓународни филмски фестивали, а моментално го подготвува својот трет краткометражен филм „Денот кога музиката стивна“, поддржан од Агенцијата за филм на Северна Македонија.


