Фото: ЖРК Вардар/Фејсбук

Тиквеш против ривал од Луксембург во Европа, Вардарки добија италијански противник

Тиквеш ќе ја започне европската авантура во првото коло од ЕХФ Европскиот куп, а за противник го доби луксембуршкиот тим Еш. Кавадарчани првиот натпревар ќе го одиграат на домашен терен на 12 или 13 септември, додека реваншот во Луксембург е закажан една недела подоцна.

Во второто коло од ова натпреварување ќе се приклучат Охрид, Алкалоид и Бутел. Охриѓани и Алкалоид имаат дополнителен мотив, бидејќи се последните два победници на Европскиот куп.

Кај дамите, Вардар во второто коло од женскиот Европски куп ќе се соочи со италијанскиот Бриксен Судтирол. Првиот дуел ќе се игра во Италија, а реваншот во Скопје. Чаир, пак, директно ќе се вклучи во третото коло.

Македонскиот шампион Ѓорче Петров го дозна противникот во квалификациите за Европската лига на ЕХФ. Скопјанки ќе играат против чешки Баник Мост, а првата средба ќе биде во Чешка, додека реваншот во Скопје.

Охрид го врати Ивановски во своите редови

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот