Семејно насилство / Насилство врз жени илустрација / Фото: Lev Dolgachov / Alamy / Alamy / Profimedia

Грк ja истепал двојно помладата партнерка во живо на „Тикток“

65-годишен маж вчера бил уапсен на грчкиот остров Крит, откако гледач пријавил дека го видел како ја тепа својата 28-годишна партнерка за време на пренос во живо на „Тикток“, објави „Екатимерини“.

Гледачот се јавил на итниот број 112, по што полицијата од станицата во градот Малевизи била известена за случајот.

Полициските службеници го пронашле осомничениот и го уапсиле во куќа каде бил заедно со жртвата и со неговата 15-годишна ќерка, која била присутна за време на инцидентот.

28-годишната жена, која е од град во северозападна Грција, наводно им кажала на полицајците дека не сака да поднесе тужба.

Истрагата покажала дека полицијата претходно имала уште седум пријави за случаи на семејно насилство поврзани со мажот, а на жената превентивно ѝ било доделено копче за паника.

Осомничениот ќе биде изведен пред обвинител, кој ќе поднесе обвинение.

Ужас во Грција: тинејџер од Албанија силувал девојче, го снимил злоделото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот