Оса / Фото: Pexels

Грчки пензионер доби три години затвор — потпалил осило, предизвикал пожар со штета од 1.4 милиони евра

Судот во Солун условно осуди 70-годишен маж на три години затвор, откако предизвикал пожар додека се обидувал да потпали осарник, а огнот се проширил кон соседни објекти, објави „Екатимерини“.

Судот го прогласи за виновен за предизвикување пожар од небрежност поради огнот што избувнал минатиот четврток во Калохори, западно од Солун и не му призна олеснителни околности.

Тој исто така добил административна казна од противпожарната служба во износ од речиси 5.900 евра.

Пожарот започнал на неговиот имот, каде што од запалени отпадоци и сува трева се проширил кон две соседни компании, уништувајќи ги нивните објекти.

11 пожари на отворено денеска, еден е сè уште активен — пожарникари и „ер трактори“ го гаснат огнот кај Белица во Македонски Брод

Еден од сопствениците на компаниите пред судот изјавил дека претрпел штета од околу 400.000 евра, откако му биле уништени водоводни материјали, алати и опрема за наводнување.

Сопственикот на втората компанија ја проценил штетата на повеќе од еден милион евра, наведувајќи дека пожарот ги уништил канцелариите, компјутерите и залихите.

Обвинетиот ја признал одговорноста и се извинил.

„Сакав да го исчистам кокошарникот и видов гнездо на оси. Запалив парче хартија за да ги избркам осите, но тоа падна и го предизвика пожарот. Се обидов да го изгаснам, но не можев да го контролирам“, изјавил тој пред судот.

Неговиот адвокат тврдел дека имотот бил исчистен од сува вегетација пред инцидентот.

Во пожарот кај Солун изгореа две фабрики, над градот се шири токсичен чад

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот