дијаманти
Фото: EPA-EFE/SERGEI ILNITSKY

Трговијата со дијаманти во Дубаи достигна рекордни 41,7 милијарди долари по 14 години

Трговијата со дијаманти во Дубаи достигнала рекордни 41,7 милијарди долари (околу 35,6 милијарди евра) во 2025 година, соопшти Центарот за стокова берза во Дубаи (DMCC), повикувајќи се на податоци од царинската администрација на емиратот. Ова го надмина претходниот рекорд од 40,9 милијарди долари од 2011 година, објави Gulf News.

Вкупниот промет на дијаманти минатата година се зголеми за 16,2 проценти во споредба со 2024 година, додека обемот на трговија достигна рекордни 359,5 милиони карати, што претставува раст од 42,5 проценти на годишно ниво. Ова е прв пат Дубаи да сруши рекорди и за вредноста и за физичкиот обем на трговијата со дијаманти во истата година. Природните дијаманти го сочинуваа речиси целиот обем на трговијата, со промет од 39,9 милијарди долари (околу 34,1 милијарди евра), или 95,8 проценти од вкупната вредност.

Трговијата со обработени природни дијаманти се зголеми за речиси 25 проценти и достигна 18,7 милијарди долари (околу 16 милијарди евра), додека од 2020 година, вредноста на овој сегмент се зголеми за дури 246 проценти.Извршниот директор на DMCC, Ахмед бин Сулајем, рече дека резултатите го потврдуваат успехот на долгорочната стратегија за развој на Дубаи како еден од водечките светски центри за трговија со скапоцени камења.

Според него, од пандемијата на ковид, обемот на трговијата со дијаманти преку Дубаи се дуплирал, додека вредноста се зголемила за речиси 140 проценти, благодарение на развиената инфраструктура, регулаторната безбедност и финансиските услуги што емиратот им ги нуди на учесниците на глобалниот пазар. Покрај дијамантите, рекорд е забележан и во трговијата со обоени скапоцени камења, чија вредност достигна 1,1 милијарда долари (околу 940 милиони евра), што е за 48 проценти повеќе од претходната година.

И дијамантите веќе не се тоа што беа, се повеќе се „одгледуваат“ во лабораторија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот