Фото: Општа болница Охрид / Фејсбук

Охридската болница доби телевизори, не кажува кој ѝ ги донирал

Општата болница во Охрид преку објава на социјалните мрежи јави дека добила донација во телевизори, кои се поставени во болничките соби на неколку одделенија.

Во објавата нема информација за тоа кој е донаторот, иако од болницата му се заблагодаруваат. Можно е самиот донатор да не сакал да се открие неговиот идентитет, но и тоа не е наведено во постот на болницата на „Фејсбук“.

„Со голема благодарност ја примивме донацијата на телевизори, кои се поставени во болничките соби на Одделенијата за Педијатрија, Геријатрија и Гинекологија и Акушерство. Се грижиме за оние на кои им е најпотребна поддршка – за најмалите пациенти, за нашите повозрасни сограѓани и за мајките кои го носат и го даруваат најголемиот подарок – новиот живот. Телевизорите ќе придонесат престојот во болница да биде попријатен, а деновите на лекување полесни за пациентите и нивните семејства. Упатуваме искрена благодарност до донаторите. Заедно создаваме подобри и похумани услови за лекување во ЈЗУ Општа болница Охрид“, пишуваат од болницата.

Сашо Клековски ќе биде нов министер за здравство

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот