Матка - река Треска - Слободен печат - Методи Здравев
Фото: илустрација / Слободен печат /Методи Здравев

За малку ќе имало трагедија на Треска: три момчиња се бањале и ги однела вода од испуст на браната „Матка“

Трагедија е избегната со голема среќа попладнево на реката Треска кај Скопје, кога три момчиња, едно на возраст од 18 и две кои имаат по 15 години, биле однесени од нагло надојдената вода поради зголемен испуст од браната „Матка“ за потребите на производство на електрична енергија, соопшти ЦУК.

Едното момче веднаш било извлечено од реката, додека другите две се пронајдени и спасени низводно по течението на Треска.

Децата немаат видливи повреди и се во добра состојба, велат од ЦУК.

Пријавата е примена на бројот 112, а во акцијата за спасување учествувале припадници на Територијалната противпожарна единица, полициски службеници, екипа на Итната медицинска помош и жители на Општина Сарај.

Очевидец спасил маж кој се давел во реката Вардар

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот