Хрватска полиција, фото: EPA/EFE / Antonio Bat

Скандал во Славонија: полицајци во службено возило имале односи со жена, снимките ги објавил сопругот

Голем скандал ја потресе Пожешко-Славонската полициска управа откако според неофицијални информации, во неколку наврати неколкумина полицајци имале сексуални односи со иста жена, во текот на работното време и во нивниот службен автомобил, објави хрватски „Телеграм“. Идентитетот на жената е познат на редакцијата на „Телеграм“, како и тројцата полицајци кои учествувале во тоа.

Целиот случај, според достапните информации, почнал да се расплеткува откако полицијата добила пријава за семејно насилство во местото каде што живее споменатата жена. Откако нејзиниот сопруг ѝ го зел мобилниот телефон, таа ја замолила соседката да се јави на 112, по што пристигнала патрола од блиската полициска станица за да интервенира. По истрагата, полицијата го запленила мобилниот телефон, наводно затоа што сопругот ги предупредил дека содржи компромитирачки снимки.

Обиди за прикривање

Извор запознаен со случајот наведува дека вработените во полициската станица, испитувајќи ја содржината на мобилните телефони, биле запрепастени кога ги препознале своите колеги на експлицитните фотографии. Според истиот извор, бил направен обид да се прикрие случајот, но тоа станало невозможно откако во јавноста почнале да циркулираат неколку компромитирачки фотографии, поради што настанот морал да биде пријавен.

Скржав одговор од полицијата

На новинарските прашања во врска со скандалот, односно дали имаат сознанија за несоодветното однесување на најмалку тројца активни полицајци, од полициската управа испратиле краток и нецелосен одговор:

„Ве известуваме дека Полициската управа на Пожега-Славонска не спроведува полициски истраги во врска со наводите на кои се однесува вашето барање. Во исто време, во тек се проверки за наводи за евентуално несоодветно однесување на полицаец“.

Новинарот на „Телеграф“ од полицијата побарал официјални информации за тоа дали се спроведуваат истраги, што е преземено и точниот број на вклучени полицајци. Портпаролката на ПУ на Пожега-Славонска, рекла дека сите во администрацијата се уште се длабоко потресени од смртта на нивна колешка, која загинала во сообраќајна несреќа минатата сабота и дека им треба повеќе време.

Двајца полицајци се осудени за силување тинејџерка во Атина

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот