Фото: „Џови компани“ / Фејсбук

Во Струмичко има син градоначалник и татко бизнисмен, кој добива тендери — ама во комшиски општини

Градежната компанија „Џови компани“, во сопственост на Ацо Божинов, таткото на градоначалникот на Ново Село, Ѓорѓе Божинов, добива милионски договори за јавни набавки, но во соседните општини Струмица и Босилово, пишува „Фактор“.

Во официјалната биографија на синот Божинов е наведено дека и самиот тој, пред да стане градоначалник, осум години бил менаџер во семејната градежна фирма „Џови компани“.

На 4 јуни е објавен најголемиот договор со Општина Босилово кој досега го има склучено фирмата, во вредност од околу 750.000 евра за „Изградба на фекална канализација во Моноспитово (втора фаза)“. Претходно, на 15 април, компанијата за нискоградба била избрана од Општина Струмица за „Изведба на втор слој асфалт на улици по програми за 2026 година“, за што добила 300.000 евра, пишува „Фактор“.

Во февруари Струмица ѝ доделила на „Џови компани“ и тендер за „Изведба на основен сообраќаен проект за режим на сообраќај на нов градски пазар“ од 550.000 евра. Сепак, најголемиот тендер фирмата го добила во август 2024 — за сума поголема од 4,5 милиони евра бил потпишан договор за изградба на нов градски пазар во Струмица, кога градоначалник бил Костадин Костадинов.

Ѓорѓе Божинов е градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, како и неговите колеги од општините Струмица и Босилово, Петар Јанков и Ристо Манчев. „Џови компани“ лани имала приходи од околу 120 милиони денари (нешто помалку од два милиони евра), а годината ја завршила со 50-тина вработени, пишува „Фактор“.

Жалбата за притворот на Стефан Богоев сè уште не е стигната до Кривичниот совет, се чека мислење од обвинителот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот