ФОТО | Фудбалска сила на теренот, модна икона надвор од него — Ерлинг Халанд и неговата девојка воодушевија на ревијата на „Долче и Габана“
Откако речиси еден месец престојуваше во Северна Америка поради настапот на Светското првенство, норвешкиот фудбалер Ерлинг Халанд се врати во Европа и се појави на модната ревија на „Долче и Габана“ во Таормина, на Сицилија.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Пред да отпатува во Италија, Халанд накратко престојуваше во Осло, каде што со репрезентативните колеги го одбележа историскиот успех на Норвешка, која за првпат во својата историја се пласираше во четвртфиналето на Светското првенство.
Веќе следниот ден, 25-годишниот напаѓач на Манчестер Сити беше фотографиран на аеродромот во Катанија, каде што веднаш го опколија бројни обожаватели.
На ревијата на „Долче и Габана“ пристигна во друштво на својата долгогодишна девојка Изабел Хаугсенг Јохансен, со која е во врска од 2021 година и има едногодишен син.

Халанд избра бел свилен сако со двојно закопчување, бела кошула, светложолти панталони и тенок бел шал, а впечатокот го надополни со златен брош, црни очила за сонце и коса собрана во лежерна пунџа.
Изабел се појави во блескав сребрен фустан украсен со кристали и светки, со длабоко деколте, а комбинацијата ја надополни со сива чанта и минимален накит.
Двојката насмеано позираше пред фотографите, а меѓу гостите беше и италијанскиот актер Микеле Мороне, познат по улогата во филмот „365 дена“ (365 Days).
Халанд е познат како љубител на луксузната мода, па затоа не изненадува што одморот го започна токму со присуство на престижната ревија на „Долче и Габана“. Пред неколку дена, при враќањето од Светското првенство, тој беше фотографиран на аеродромот во Осло со голема дизајнерска чанта од истиот моден бренд, но и со необичен сувенир од САД – препариран ракун, кој привлече големо внимание на социјалните мрежи.
@voguemagazine From Norway to Italy! #ErlingHaaland and his girlfriend Isabel Haugseng Johansen opted for a date night in Sicily, stepping out to attend #DolceAndGabbana ♬ original sound – 𝐡𝐨𝐨𝐩.𝐚𝐦


