Роналдо и Оскар/Инстаграм

Оскар во Кина заработи над 200 милиони евра од плата, но не потрошил ниту цент — откри од што живеел

Поранешниот бразилски фудбалер Оскар дос Сантос Ембоаба Жуниор, кој пред неколку месеци стави крај на професионалната кариера, ја изненади фудбалската јавност со признание за заработката од настапите во Кина.

Оскар откри дека не потрошил ниту едно евро од околу 205 милиони евра што ги заработил додека го носел дресот на кинескиот Шангај СИПГ.

Бразилецот во Кина пристигна пред околу една деценија, во периодот кога тамошниот фудбал доживуваше голем подем. Тогаш од Челси направи трансфер вреден 60 милиони евра и потпиша еден од најбогатите договори во светскиот фудбал. Во интервју за подкастот „The Obi One“, Оскар откри дека целата плата ја чувал на посебна сметка.

„Целата моја плата ја ставав на посебна сметка и никогаш не ја допрев. Јас и моето семејство живеевме од бонусите за натпреварите, бидејќи и тие беа навистина огромни“ изјави Оскар.

За време на престојот во Шангај, бразилскиот офанзивец одигра 248 натпревари, постигна 77 голови и запиша 142 асистенции. Со клубот освои три шампионски титули во кинеската Суперлига и еден трофеј во ФА Купот на Кина.

Во 2024 година Оскар ја напушти Кина и се врати во својот матичен клуб Сао Паоло, а во април годинава, на 34-годишна возраст ја заврши кариерата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот