Фото: ФК Силекс

Ќе има директен пренос од реваншот на Силекс против Динамо Минск

Реванш дуелот меѓу Силекс и Динамо Минск во квалификациите за Конференциската лига ќе биде достапен за гледачите преку директен пренос на каналот „Арена М1 Премиум“.

Кратовчани направија голем чекор кон следната рунда откако на гостувањето во Бугарија, каде што белорускиот тим беше формално домаќин, славеа со минимални 1:0. Со предност од еден гол, Силекс ќе го дочека утрешниот реванш и ќе се обиде да ја завери историската победа. Натпреварот ќе се одигра во тренинг-центарот на ФФМ „Петар Милошевски“, со почеток во 20 часот.

Силекс претходн веќе информираше дека сите влезници се распродадени.

Во Автокоманда се раѓа нов фудбалски проект – Металург 2025

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот