Фото:ФК Металург 2025/Инстаграм

Во Автокоманда се раѓа нов фудбалски проект – Металург 2025

Нова фудбалска приказна започнува во Општина Гази Баба. Автокоманда повторно ќе има свој клуб, откако официјално стартуваше проектот ФК Металург 2025. Старото име повторно се враќа на македонската сцена, но со нова визија, нова енергија и јасна амбиција за создавање стабилен и успешен клуб. ФК Металург 2025 и официјално ја започна својата приказна, најавувајќи дека во сезоната 2026/27 ќе се натпреварува во 4. регионална фудбалска лига – Скопје.

Воедно, клубот ги претстави и првите фудбалери кои ќе бидат дел од историската дебитантска сезона и ќе ги бранат боите на Металург 2025.

Дресот на новиот клуб ќе го носат Никола Спасевски, Кристијан Миланов, Никола Миновски, Андреј Бојчески, Бошко Смилески, Марио Геговски, Мики Илиев, Спасе Богоевски, Дарко Донев и Кристијан Велковски, фудбалери кои ќе ги постават темелите на новата генерација на Металург.


Од клубот најавуваат дека ова е само почеток и дека во наредниот период ќе бидат претставени и останатите играчи, со кои ќе биде комплетиран ростерот за новата сезона.

Иако го носи добро познатото име, ФК Металург 2025 нема правна или организациска поврзаност со поранешниот ФК Металург, клубот кој со години беше еден од факторите во македонскиот фудбал, настапуваше во европските натпреварувања и создаде бројни репрезентативци, пред да згасне поради финансиските проблеми.

Со формирањето на ФК Металург 2025, Автокоманда  повторно добива свој фудбалски претставник. Целта е да се изгради стабилен и амбициозен клуб кој постепено ќе расте и ќе го врати името Металург меѓу препознатливите имиња на македонскиот фудбал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот