Ивана Вулета/фото: EPA-EFE/ROBERT GHEMENT

ФОТО | Нови правила за преносите од женската атлетика, нема повеќе кадри од непримерни агли

Европската радиодифузна унија (ЕБУ) и Европската атлетика воведоа нови и построги насоки за телевизиските преноси на атлетските натпреварувања, со цел да се стави крај на, како што наведуваат, сексуализацијата на спортистките.

Со новите препораки, телевизиските куќи и режисерите на преносите се повикуваат да престанат да користат одредени агли на снимање, кои се оценети како непримерни и сексуализирачки. По тој повод е објавен и официјален документ од 23 страници со наслов „Raising the Bar“ („Подигнување на стандардите“), изработен во соработка меѓу ЕБУ и Европската атлетика. Во документот се прикажани и визуелни примери за тоа кои кадри повеќе не треба да се користат во телевизиските преноси.

Според новите насоки, емитерите треба да избегнуваат снимање од ниски агли, како и кадри што непотребно го истакнуваат телото на натпреварувачките. Посебен акцент е ставен и наз забавените снимки кои отсега не треба да траат предолго ниту да бидат насочени кон физичкиот изглед на спортистките наместо кон нивниот настап.

Новите правила предвидуваат телевизиските преноси да бидат фокусирани исклучиво на спортските перформанси, техничката изведба и емоциите на натпреварувачите. Воедно, се препорачува почеста употреба на пошироки кадри, кои на посоодветен начин ја доловуваат атмосферата и текот на натпреварувањето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот